Крашкомерц

Овој пазар, и покрај незавидното стопанствено и политичко опкружување има континуиран тренд на раст и е трето по големина меѓу државите во регионот. Увозот на кондиторски производи од Хрватска е регулиран со договорот за слободна трговија (ЦЕФТА 2006).
Член е на Краш групацијата од 1991 година.

Работењето на друштвото Крашкомерц е организирано преку сегментот на малопродажба и големопродажба, со цел постигнување на квалитетен индекс на дистрибуција на продажниот асортиман во сите канали на продажба на пазарот на Република Македонија.
Централниот магацин и Управата на друштвото се наоѓаат во Скопје, додека сопствениот дистрибутивен парк гарантира испорака на производите до сите купци во внатрешноста максимално 48 часа од моментот на нарачка.
Друштвото, исто така, поседува и ланец на малопродажни објекти Краш-Бомбониери во Скопје, каде потрошувачите можат да уживаат во изборот и купувањето на целокупниот Крашов асортиман.

Даме Груев бр. 3, 1000 Скопје
Република Северна Македонија