Заштита на животна средина
Како општествено одговорна компанија Kraš, во областа на заштитата на животната средина, управува со еколошките аспекти за да се спречат негативните влијанија, применувајќи ги притоа постоечките законски прописи, како и начелата и поставените цели на системот за управување со животна средина според нормативот ISO 14001.
При планирање на развојот на нашите производи се води сметка за користење на еколошки прифатливи сировини,како и на амбалажни материјали, така што користените материјали би произведувале што помалку отпад. Постојано внимание обрнуваме на рационално користење на сите енергенси,како и на спроведување стручна едукација насочена кон будење на свеста на своите вработени.
Во 2016 година направивме дополнителен чекор кон остварување на идни подобрувања,преку одлука за воведување и примена на составот за управување со енергетска ефикасност според нормативот ISO 50001.